Поврзи се со нас

Фудбал

Тричковски: Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме

Денеспа се огржа прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации меѓу Македонија и Естонија, покрај селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски, зборуваше и репрезентативниот напаѓач, Иван Тричковски, кој е доста мотивиран за победа.

„Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме. Од АЕК ни честитаа мене и на Спировски и многу се горди и чест им е што ќе ги претставуваме на Европското првенство.“

„Утре со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да докажеме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата“, изјави Тричковски.

loading...

Facebook