Трката за Бундеслигата се повеќе е неизвесна (ВИДЕО)
Д М12 јун 2020

Трката за влез во Бундеслигата ќе биде неизвесна до самиот крај.
Важна победа во таа борба денеска забележа ХСВ на гостувањето во Дрезден против Динамо, а гостите од Хамбург славеа со резултат 0:1.
Моментот на одлука се случи во 84-та минута од натпреварот. Поханпало постигна гол за 0:1 и големи три поени за ХСВ, кои барем за кратко го зазедоа второто место од Штутгарт.
Арминија од Билефелд одигра 0:0 на гостувањето против Сандхаузен, а со еден бод се доближија до пласманот во друштво на најдобрите.
Овој клуб е на врвот на табелата со 58 бода, тие имаат пет повеќе од ХСВ и натпревар помалку.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



