SportM
Фудбал

Цел „Сантијаго Бернабеу“ го исвирка Бејл, а неговата ладнокрвна реакција го предизвика гневот на навивачите (ВИДЕО)

Д М10 апр 2022
Цел „Сантијаго Бернабеу“ го исвирка Бејл, а неговата ладнокрвна реакција го предизвика гневот на навивачите (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа на домашен терен го победи Хетафе со 2-0, а во центарот на вниманието беше Герет Бејл кој беше жестоко исвиркуван од навивачите на кралскиот клуб при влегувањето на теренот.

Кралскиот клуб со половина сили успеа да победи против Хетафе и со нови три бода е се поблиску до освојување на титулата во Шпанија.

Реал поведе во 38. минута со голот на Касемиро, додека конечните 2-0 ги постави Лукас Васкез со гол во 68. минута. После тоа, Карло Анчелоти направи неколку измени за да одмори некои играчи пред реваншот против Челзи.

Анчелоти направи двојна замена во 74. минута и реши да го извади Карим Бензема, а наместо тоа на терен го испрати Бејл кој имаше стандардно „добредојде“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Имено, навивачите на Реал Мадрид најпрвин со овации го испратија Бензема надвор од теренот, а кога влезе Бејл имаше жестоки свирежи и навреди од трибините на сметка на Велшанецот кој веќе неколку години нема добри односи со навивачите на Реал.

https://twitter.com/i/status/1512899730203824128

Сепак, она што дополнително ги налути симпатизерите на кралскиот клуб е реакцијата на Бејл кога слушна дека речиси цел стадион му свирка.

Кога слушна како навивачите на неговиот клуб го пречекаа, Велшанецот се насмеа, а тоа само предизвика гнев кај навивачите на трибините на Сантијаго Бернабеу. Навивачите на Бејл постојано свиреа секој пат кога тој беше во контакт со топката.

https://twitter.com/Fze032/status/1512900761545584644

Бејл на лето сигурно ќе го напушти Реал Мадрид бидејќи му истекува договорот. Тој дојде во клубот пред девет години од Тотенхем за 100 милиони евра, и имаше неколку одлични сезони, но претходните години повеќе се посвети на други работи во животот, а не на фудбалот, на што навивачите најмногу негодуваат.

Во досегашниот дел од сезоната Бејл одигра само седум натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, а успеа да постигне и еден гол. На теренот помина вкупно скромни 290 минути.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.