SportM
Фудбал

Целиот свет ве гледа, продолжете да играте – Инфантино влегол во соблекувалната на Иран (ВИДЕО)

Редакција16 јун 2026
Целиот свет ве гледа, продолжете да играте – Инфантино влегол во соблекувалната на Иран (ВИДЕО)

Претседателот на Џани Инфантино влегол во соблекувалната на иранската репрезентација по мечот со Нов Зеланд за да им даде поддршка на играчите по нивниот натпревар на Светското првенство. Посетата се случи во услови на геополитички тензии и логистички предизвици со кои се соочи иранската делегација пред и за време на турнирот.

Инфантино со овој потег сакаше да ја нагласи важноста на фудбалот како средство што ги обединува луѓето и го промовира мирот, повторувајќи го својот став дека спортот треба да остане надвор од политичките превирања.

-Ги разбирам сите ваши проблеми, но вие сте посилни од сè. Му испративте на светот голема порака, вечерва го имавте целиот стадион зад себе, порачал Инфантино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.