SportM
Фудбал

Цело лето поради него го критикуваа, а вчера Салихамиџиќ конечно ги дочека своите пет минути

Д М11 сеп 2022
Цело лето поради него го критикуваа, а вчера Салихамиџиќ конечно ги дочека своите пет минути

Баерн летово потроши дури 20 милиони евра за Махис Тел, а на многумина не им беше јасно зошто дадоа толку пари за тинејџер.

 

Тел во минхенскиот клуб пристигна од Рене каде што настапуваше, а за првиот тим на овој клуб дебитираше дури минатата година. Но и покрај тоа Баерн реши да го доведе овој 17-годишен напаѓач и да го плати дури 20 милиони евра.

 

Јавноста во Германија на почетокот го критикуваше Хасан Салихамиџиќ што потрошил толку пари на тинејџер кој се уште не се докажал на големата сцена, но очигледно е дека Салихамиџиќ уште од самиот почеток верувал во него.

За каков талент се работи најдобро говори фактот што клубот летово одби да го испрати на позајмица иако имаа понуда, па беше одлучено тој да биде дел од првиот тим и да се бори за минутажа.

 

Тел покажа дека има голем потенцијал вчера кога првпат играше за Баерн од првата минута и постигна гол во ремито против Штутгарт (2:2).

 

Така Тел на 17 години стана најмладиот стрелец во историјата на Баерн што се однесува до Бундеслигата, а по натпреварот Салихамиџиќ можеше да им се смее на сите кои го критикуваа за доведувањето на младиот Французин.

“Тој има само 17 години, но има квалитети кои ги немаат многу играчи во светот. Мислам дека тој е најголемиот талент во Европа на позицијата напаѓач. Тој има навистина огромен потенцијал и инстинкт да биде голем играч”, изјави Салихамиџиќ по натпреварот против Штутгарт.

Тел во досегашниот дел од сезоната одигра четири натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.

 

Иако е свесен дека сезонава најмногу ќе биде резерва, јасно е дека сака да ја искористи секоја прилика за игра, а на почетокот на сезоната му оди навистина добро.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.