SportM
Фудбал

Целото раководство на Пелистер поднесе оставка!

Редакција31 мај 2026
Целото раководство на Пелистер поднесе оставка!

Пелистер доживеа крах, испадна во Втора лига откако во бараж натпреварот беше совладан од досегашниот второлигаш Шкендија Арачиново на пенали (1:1 заврши мечот).

Како резултат на тоа целото раководство поднесе оставка.

Во соопштението се вели:

ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.

Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати.

Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење.

Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на ФК Пелистер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.