Циркус во Англија затоа што не важат истите правила за сите клубови: Евертон против Челзи игра со Б тим
Д М16 дек 2021

Коронавирусот создаде огромни проблеми во Англија.
Од час во час се одложуваат натпреварите, но вистинското прашање е зошто не беше одложен натпреварот помеѓу Челзи и Евертон?
Имено, тимот од Гудисон ќе истрча во подмладен состав и веројатно овие момци никогаш повеќе нема да играат заедно, а причината е затоа што повеќето водечки играчи на Евертон се заразени со коронавирус.
Ова е всушност Б-тимот на Евертон вечерва на Стемфорд Бирџ.
Така Карамели ќе играат вечерва во составот: Пикфорд, Кин, Годфри, Брантвејт, Холгејт, Дукур, Кени, Гомес, Гордон, Ивоби и Симс.
Во составот ги нема Колман, Алан, Калверт-Лјуин, Дејвис, Дињ, Мина, Ричарилсон и Таусенд.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



