Поврзи се со нас

Фудбал

Црн ден за Реал и Барса, вакво нешто не се случило во последните 17 години

Реал Мадрид и Барселона вчера разочараа со своите игри, па претрпеа порази од Кадиз, односно Гетафе.

Двете екипи беа поразени со 1:0 и со негативен тон го пречекаа Ел Класико, кој е на програмата следниот викенд.

Токму тоа ги принуди шпанските новинари да копаат во архивите и да ја пронајдат информацијата дека цели 17 години не се случило двата најголеми шпански тима да загубат пред Ел Класико.

Во далечната 2003 година, Реал Мадрид загуби од Реал Сосиедад и Барселона од Депортиво. На Ел Класико после тоа резултатот гласеше 1:1, а стрелци беа легендарните Роналдо и Луис Енрике.

По пет одиграни натпревари во Ла Лига, Реал има 10 бода и е прв на табелата, додека Барса е само деветта со седум бода, но има и натпревар помалку.

Advertisement

Facebook

Реклама