SportM
Фудбал

Црните сомнежи за Жерард Пике се остварија

Д М22 ное 2020
Црните сомнежи за Жерард Пике се остварија

Барселона денес ги потврди црните сомнежи кога станува збор за повредата на Жерард Пике.

Пике ќе паузира помеѓу три и пет месеци откако ги истегна страничните и вкрстените лигаменти на десното колено.

Искусниот стопер со солзи го напушти теренот Ванда Метрополитен и веднаш се виде дека станува збор за исклучително сериозна повреда.

Повредата на Пике е тежок удар за Барселона, бидејќи неколку играчи од задната линија веќе се повредени.

Барселона потврди дека Серхио Роберт го чека двомесечна пауза поради истегнување на бутниот мускул на десната нога.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.