SportM
Фудбал

Црвена Звезда и Динамо се на чекор од европската пролет

Д М26 ное 2020
Црвена Звезда и Динамо се на чекор од европската пролет

Црвена Звезда и Динамо стигнаа до нови победи во Лигата на Европа и се приближија до пласманот во нокаут фазата.

Фудбалерите на Црвена звезда славеа на гостувањето кај Гент со резултат 2:0.

Избраниците на Дејан Станковиќ до победата беа предводени од головите на Његош Петровиќ, кој погоди во 2-та минута од средбата, додека Милуновиќ ја потврди победата со гол во 58-та минута.

На вториот натпревар од групата Л, Хофенхајм славеше со идентичен резултат на гостувањето кај Либерец. Головите за германскиот претставник ги постигнаа Баумгартнер и Крамариќ, кои ја потврдија победата со гол од белата точка.

Динамо Загреб славеше убедлива победа на гостувањето кај Волфсбергер. Сините славеа со 3:0, а головите ги постигнаа Мајер, Петковиќ и Иванушец.

На вториот натпревар од оваа група одигран во Москва, немаше голови на дуелот помеѓу ЦСКА и Феенорд.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.