SportM
Фудбал

Тухел беше прашан дали Роналдо доаѓа во Челзи, а неговиот израз кажува се

Д М11 јул 2022
Тухел беше прашан дали Роналдо доаѓа во Челзи, а неговиот израз кажува се

Кристијано Роналдо не се појави на почетокот на подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона и веќе на сите им е јасно дека ќе го напушти овој клуб.

Роналдо ги изненади сите со тоа што реши да не се појави на почетокот на подготовките и одби да отпатува со тимот во Азија каде Манчестер Јунајтед ќе одигра неколку подготвителни натпревари.

Португалецот побарал трансфер од првиот човек на клубот бидејќи сака да си замине од Олд Трафорд по само една сезона и целта му е да замине во клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Како што стојат работите, новиот тим на Роналдо ќе биде Челзи и англиските медиуми очекуваат дека „сините“ наскоро би можеле да го официјализираат доаѓањето на овој 37-годишен фудбалер на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот на лондонскиот клуб Томас Тухел бил запрашан од еден навивач дали Роналдо доаѓа во овој клуб, а тој прво се насмеал на прашањето и кратко одговорил „Не можам да ви го кажам тоа“.

Сепак, навивачите на Челзи веруваат дека насмевката и изразот на лицето на Тухел кажале доволно и се сигурни дека Роналдо на крајот ќе потпише за сините каде сигурно ќе биде огромно засилување за новата сезона.

Покрај Челзи, искусниот напаѓач се поврзуваше и со ПСЖ и Баерн, но не доби официјална понуда од овие клубови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.