Поврзи се со нас

Фудбал

Тухел го напушта ПСЖ по убедливата победа?

ПСЖ синоќа оствари убедлива победа против Анжи, но Томас Тухел се уште е на излезната врата од францускиот шампион.

 

ПСЖ започна со два почетни порази, а потоа сврза четири победи, од кои последната беше најубедлива – 6:1 синоќа против Анжи. Постојат одредени конфликти помеѓу тренерот Тухел и директорот Леонард, што може да биде кобно за германскиот тренер.

“Не сум задоволен од она што го рече, ниту клубот не е задоволен. И ако тој не е задоволен, тогаш треба да замине”, рече Леонардо.

Тухел неодамна се пожали дека немаат вистински играчи, дека нема конкретни засилувања, а Тијаго Силва и Единсон Кавани си заминаа.

“Тој не ја разбира ситуацијата. Нашите приходи се пониски за 100 милиони евра, а имаме и финансиски фер-плеј… Разговаравме за тоа, очигледно залудно. Ќе разговараме повторно лице в лице, а клубот ќе одлучи дали ќе има казна за него “, додаде Леонардо.

Advertisement