Connect with us

Фудбал

Тухел го објави списокот на Англија: Нема Белингем, Палмер, Мадуеке, Фоден – се врати Сака

Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на играчи за октомвриските натпревари од квалификациите за Светското првенство.

Англија најпрво ќе одигра пријателски натпревар со Велс во четврток, а потоа во вторник ќе го одигра квалификацискиот меч за Светското првенство против Латвија.

Списокот привлече големо внимание на Островот, имајќи предвид отсуството на бројни ѕвезди – дел поради повреди, а дел поради одлука на Тухел.

На списокот ги нема Џуд Белингем, Кол Палмер, Нони Мадуеке, Фил Фоден, Тино Ливраменто, Џек Грилиш…

По повредата, на списокот се врати Букајо Сака, а повик добија и Рубен Лофтус-Чик и Џарел Квансах.

Список на играчи на Англија:

Голмани:

  • Дин Хендерсон

  • Џордан Пикфорд

  • Џејмс Трафорд

Одбрана:

  • Дан Берн

  • Марк Геи

  • Рис Џејмс

  • Езри Конса

  • Мајлс Луис-Скели

  • Џарел Квансах

  • Џед Спенс

  • Џон Стоунс

Среден ред:

  • Елиот Андерсон

  • Морган Гибс-Вајт

  • Џордан Хендерсон

  • Рубен Лофтус-Чик

  • Деклан Рајс

  • Морган Роџерс

Напад:

  • Џерод Боуен

  • Еберечи Езе

  • Ентони Гордон

  • Хари Кејн

  • Маркус Рашфорд

  • Букајо Сака

  • Оли Ваткинс