SportM
Фудбал

Тухел ќе чека кикс на колегата за предизвикот на кариерата?

Д М14 окт 2022
Тухел ќе чека кикс на колегата за предизвикот на кариерата?

Германскиот стручњак Томас Тухел има јасна желба да седне на клупата на репрезентацијата на Англија.

Телеграф пренесува дека Тухел ќе почека да му истече договорот на актуелниот селектор Герет Саутгејт, а тоа секако ќе зависи од натпреварите на Светското првенство во Катар.

Последниот ангажман на Тухел беше на клупата на Челзи, каде доби отказ по поразот од Динамо во Загреб. Со овој тим освои три трофеи, вклучувајќи ја и титулата во Лигата на шампионите.

Тој реши да го искористи периодот во кој нема клуб за добро да се одмори, и да ги наполни батериите за новите предизвици што следат.

Секако, додека одмара, чека понуди од клубовите, а ќе ја избере онаа што најмногу го интересира, но се уште нема.

Според германските медиуми, Тухел досега добил само една понуда, а тоа била понуда од Бундеслигата.

Имено, медиумите од Германија тврдат дека на негова адреса пристигнала понуда од Баер Леверкузен, но таа веднаш била одбиена.

Леверкузен тогаш неодамна го презеде поранешниот член на Ливерпул, Чаби Алонсо.

Овој тим синоќа беше поразен од Порто во групната фаза од Лигата на шампионите со дури 3:0, па прашање е како ќе се снајде Алонсо во својот прв сериозен тренерски ангажман.

Дали истиот повик повторно ќе дојде до Тухел за неколку месеци, останува да видиме.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.