SportM
Фудбал

Тухел незадоволен од напаѓачите на Челзи

Д М24 мај 2022
Тухел незадоволен од напаѓачите на Челзи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел е незадоволен од играта на офанзивците на лондонскиот тим.

– Статистиката што ја добива Челзи од нивните напаѓачи не ни дозволува да ги победиме Ливерпул и Манчестер сити. Во оваа линија ни треба доминација ако сакаме да бидеме поблиску до првите две екипи во лигата. Не покажувам со прст и не обвинувам никого, но потребна ни е супер-ефикасност од сите фудбалери. Нашите фудбалери навистина немаат големи бројки во однос на перформансите и асистенциите, изјави Тухел за „Гардијан“.

Челзи заврши на третото место во сезоната 2021/22 во Премиер лигата со 74 бодови од 38 натпревари.

На првите две  места се пласираа Манчестер сити и Ливерпул со 93, односно 92 бода.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.