Тутоспорт: Погба ќе се врати во Јувентус
Д М1 сеп 2018

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сака да се врати во Јувентус во зимскиот преоден рок, тврди „Тутоспорт“.
25-годишниот Французин сака да се врати во клубот од Торино поради лошиот однос со тренерот на англискиот тим Жозе Мурињо.
Интересно е тоа што Манчестер Јунајтед ќе игра во истата група со Јувентус во Лигата на шампионите.
За потсетување, Погба се пресели на „Олд Трафорд“ од Јувентус во 2016 година за рекордни во тоа време 105 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



