Уапсени три лица за убиство на шведски навивачи во Брисел

Фото: Flowers placed by Swedish Prime Minister Ulf Kristersson and Belgian Prime Minister Alexander De Croo are seen among other items left as a tribute to the victims two days after a gunman shot dead two Swedes, at the place of the shooting in Brussels, Belgium October 18, 2023. REUTERS/Yves Herman – RC2XU3A7R434
Белгиската полиција уапси уште три лица во врска со пукањето во кое беа убиени двајца навивачи на Шведска пред натпреварот меѓу двете репрезентации одигран во октомври во квалификациите за Европското првенство.
Натпреварот од групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска беше прекинат на полувремето откако во терористички напад во Брисел загинаа двајца шведски навивачи. Беше решено натпреварот да не продолжи и беше регистриран со резултатот кој беше активен на полувремето, 1:1.
Веста за новите апсења во врска со терористичкиот напад во средата ја потврди портпаролот на белгиската полиција, но не даде многу детали.
Тој објасни дека полицијата во понеделник извршила претреси на пет локации и дека тројца мажи биле уапсени.
Белгиските медиуми објавија дека двајца од тројцата уапсени се обвинети за убиство во контекст на терористички напад и учество во терористичка акција, додека третото лице е обвинето за прекршување на Законот за оружје.
Апсењето се случи еден месец по нападот и откако во деновите по трагедијата беше уапсен државјанин на Тунис, осомничен дека застрелал двајца навивачи на Шведска.



