Убедлив пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај ПИК Сегед
E R21 ное 2025

Фото: tv21m
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа шестиот пораз во Лигата на шампиони, откако на гостински терен загубија од унгарски ПИК Сегед со 35-20 (14-9) во рамки на осмото коло во групата Б.
Унгарскиот тим ја оправда фаворитската улога пред своите гледачи и му се реваншираше на македонскиот првак за поразот (25-24) пред една недела во Битола.
Дејан Манасков, Алем Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ со по три голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, а Саид Хејдарирад запиша осум интервенции на голот.
По осмото одиграно коло, ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа на претпоследното, седмо, место на табелата со четири бодови пред дуелот на домашен терен против лидерот во групата Магдебург на 26 ноември во Битола.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



