SportM
Фудбал

УЕФА остро реагира: Кој игра во Суперлигата, не може да игра ништо друго

Д М18 апр 2021
УЕФА остро реагира: Кој игра во Суперлигата, не може да игра ништо друго

Во последно време се повеќе се зборува за формирање на Европската Супер лига, натпреварување што би се водело и во кое би учествувале најсилните европски фудбалски клубови. УЕФА логично се спротивставува на ваквото сценарио и како начин на борба против ваквиот развој на настанот подготви груби казни, дознава италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

„На клубовите кои се членки на Суперлигата ќе им биде забрането да играат во кое било домашно натпреварување, на европско или меѓународно ниво, а на играчите може да им биде ускратено правото да ги претставуваат своите репрезентации“, се вели во соопштението на УЕФА, пренесено од Фабрицио Романо.

Неодамна, островските медиуми објавија дека екипите на „големата шестка“ на англискиот фудбал ќе бидат заинтересирани за учество во ова натпреварување, а други големи европски клубови исто така имале контакт со Суперлигата.

Идејата за такво натпреварување постои уште од 90-тите години на минатиот век и честопати беше критикувана затоа што несомнено би придонела за зголемување на разликата во квалитетот и финансиската моќ помеѓу најголемите и помалите клубови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.