SportM
Фудбал

УЕФА: Вардар најуспешен македонски клуб во ЛШ, зад него Работнички и Шкендија

Д М10 окт 2018
УЕФА: Вардар најуспешен македонски клуб во ЛШ, зад него Работнички и Шкендија

Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска ги објави најдобрите клубови во историјата во Лигата на шампионите, а на листата се најдоа и сите македонски прваци до сега.

Кога станува збор за клубовите од Македонија, најдобропласиран тим е Вардар кој се најде на 144 позиција. Зад него се најде вториот најтрофеен клуб од нашата земја Работнички кој е на 185 позиција, а Шкендија се најде на 296 место. Слога Југомагнат е едно место подоле, а Силекс и Победа се најдоа на 338, односно 379 позиција на ранкингот. Македонија ЃП е на 467 позиција, додека Ренова на 476 место.

Прв на листата е најтрофејниот Реал Мадрид кој има рекордни 13 титули. Меѓу првите пет се најдоа уште и Баерн Минхен, Барселона, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Индивидуалниот рекорд за најмногу настапи во ЛШ заминува во рацете на шпанскиот голман Икер Касиљас кој има 172 настапи. Втор на листата е Кристијано Роналдо со 158.

Извор: ТВ21

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.