Connect with us

Фудбал

Уклучен алармот на Енфилд: Што се случува помеѓу Салах и Мане?

Фудбалерите на Ливерпул вчера го поразија Тотенхем 2:1 во петтото коло од англиското првенство.

Црвените до победа на Вембли дојдоа полесно отколку што очекуваше, а Вијналдум и Фирмино ги постигнаа головите за гостите. Сепак, по натпреварот, навивачите на Ливерпул најмногу зборуваа за Мохамед Салах и Садио Мане и нивната слаба соработка во претходните неколку натпревари.

Во финишот на вчерашниот натпревар, Ливерпул имаше контра предводен од Мане и му додаде на Кети, иако Салах беше во многу подобра позиција. Подоцна Салах во неколку наврати одбиваше да ја додаде топката на Мане, што го вознемири Јирген Клоп на клупата. Фановите на “црвените” се загрижени дека Мане и Салах не се во толку добри односи.

Иако успеаа да стигнат до многу важни три поени против големиот ривал, на крајот навивачите на Ливерпул на социјалните мрежи најмногу зборуваа за Мане и Салах.