Украина се изедначи со неславниот рекорд на Југославија во ЕУРО

Синоќа селекцијата на Украина беше поразена од Холандија со 3:2 во првиот натпревар од групата Ц.
Избраниците на Шевченко во второто полувреме успеаа да надополнат за 2:0 и да стигнат до израмнување, но тие клекнаа пред самиот крај на мечот. Дамфрис погоди на пет минути пред крајот на натпреварот за нова предност на Холандија и победа на Орање.
Така, репрезентацијата на Украина врза шест последователни порази на Европските шампионати, што е еднакво на негативниот рекорд на Југославија.
Од 1968 до 1984 година, поранешната држава загуби од Италија, потоа осум години подоцна од Западна Германија со 4:2 и Холандија со 3:1, а потоа во групната фаза во 1984 година од Белгија 2:0, Данска 5:0 и Франција 3:2
Украинците последен пат избегнаа пораз на ЕУРО уште во 2012 година, кога заедно со Полска беа домаќини на турнирот.
Потоа, во првото коло од групата ја совладаа Полска, по што забележаа негативни резултати против Франција, Англија, Германија, Северна Ирска, Полска и синоќа против Холандија.
Украина следниот натпревар го игра в четврток порив Македонија.
Натпреварот се игра на стадионот во Букурешт, со почеток во 15 часот на споменатиот ден.



