Унгарците ремизираа со Германците, Депај промаши пенал во 90+1

Во натпреварите од третото коло од А дивизијата на Лигата на нации во групите 3 и 4 немаше победник во ниту еден од четирите натпревари. Во дивизијата Ц, Турција победи со 2-0 во Луксембург, додека Фарските Острови ја совладаа Литванија со 2-1.
Продолжува за возбудливи резултати во групата 3 од елитната дивизија. Во репризата на финалето на ЕУРО, Англија и Италија одиграа нерешено без голови кај Молиње. Победник немаше ниту на вториот натпревар од групата, но се виде одличен фудбал и два гола.
Унгарија и Германија одиграа 1:1. Унгарците поведоа преку Наѓ во шестата минута. А само три минути подоцна Хофман со нов гол израмни. На крајот немаше повеќе голови, но имаше многу шанси, а доказ за тоа е неверојатниот податок дека двете екипи имаа дури девет удари кон голот.
Одличен натпревар во групата 4 одиграа Холандија и Полска. Полјаците водеа со 2-0 со головите на Кеш во 18 и Зјелинки во 49 минута. Холандија израмни за само три минути. Класен во 51. минута и Дамфрис во 54. минута донесоа израмнување. Голема шанса за победа имаше Холандија која доби пенал во првата минута од продолжението. Но, Мемфис Депај ја погоди стативата и Холанѓаните не стигнаа до третата победа во циклусот.
Белгија поведе во Велс од 51. минута со голот на Тилеманс. Но Велс стигна до бод во 87. минута со голот на Џонсон.
Се одиграа и два натпревари од групата 1 од дивизијата Ц. Турција со головите на Чалханоглу од пенал во 37. минута и на Дурсун во 76. минута го совлада Луксембург на гостински терен со 2-0. Фарските Острови ја победија Литванија со 2:1 по пресврт. Во шестата минута Чернич ги доведе Литванците во водство, но Фарани направи пресврт преку Давидсен од пенал во 20. и Андреасен во 45. минута до полувремето и на крајот забележа победа.



