SportM
Ракомет

Уште една победа на македонските кадети на ЕП во Србија!

Редакција6 авг 2026
Уште една победа на македонските кадети на ЕП во Србија!

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Фарски острови со 34:32 на Европското првенство што се одржува во Белград, Србија. Ова беше натпревар за пласман од 9-16.место. Утре македонската репрезентација во натпревар за пласман од 9-12 место ќе игра против селекцијата на Португалија, која ја победи Шведска со 32:28.

Македонската репрезентација имаше постојано водство и на полувреме предноста изнесуваше 18:13. На стартот од вториот дел по водство на македонскиот тим со 24:17 противникот направи серија од 7-0 за првото и единствено изедначување на резултатот – 24:24. Сепак избраниците на селекторот Горан Кузманоски се вратија и постигнаа три гола за нова предност која ја зачуваа до крајот на дуелот.

Во нашиот тим Стефан Ѓорѓиески и Стефан Ѓорѓиевски постигнаа по 7 голови, додека голманот Ѓорѓи Николовски имаше 11 одбрани.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.