Урнебесен слободен удар, стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Смешен слободен удар на австралискиот тим стана хит — (не)увежбаната комбинација го насмеа целиот свет.
Увежбаните комбинации на фудбалските тимови при изведување на слободни удари често знаат да тргнат наопаку, а токму тоа му се случи на австралискиот Авондејл.
Авондејл пред неколку дена одигра натпревар од австралиското првенство против НВС Спирит на домашен терен и славеше со минимални 1:0, но сцената при еден слободен удар стана вирална на социјалните мрежи.
Беше досуден слободен удар за Авондејл на околу 25 метри косо од десната страна, кога тројца фудбалери решија да пробаат интересна комбинација, која не заврши како што се надеваа.
🤔Avustralya'da Avondale FC futbolcuları bir şey deniyorpic.twitter.com/g3wHS0dd7D
— Haberler.com (@Haberler) November 11, 2025



