SportM
Фудбал

Урнебесна средба по мечот, Енрике до Компани: Го гледаше натпреварот од трибините, уживаше ли?! (ВИДЕО)

Редакција29 апр 2026
Урнебесна средба по мечот, Енрике до Компани: Го гледаше натпреварот од трибините, уживаше ли?! (ВИДЕО)

ПСЖ го совлада Баерн Минхен со 5:4 во можеби највозбудливиот меч во историјата на ЛШ. По натпреварот тренерите Енрике и Компани се сретнаа во микс зоната каде што се даваа изјави.

Енрике: Го гледаше мечот од трибините, дали уживаше!

Компани: Не, воопшто!

Двајцата се насмевнаа, се ракуваа, разменија пријателски гестови и си посакаа среќа во реваншот! На терен – ривалство, а надвор од него – ПОЧИТ!

Реваншот се игра следната среда.


Инаку, компани од трибините го следеше мечот поради суспензијата од УЕФА за добиениот жолт картон на мечот со Реал Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.