SportM
Фудбал

Урнебесна реакција на Буфон кога сфати дека камерата е во близина (ВИДЕО)

Д М12 дек 2019
Урнебесна реакција на Буфон кога сфати дека камерата е во близина (ВИДЕО)

Без оглед на која возраст, понекогаш луѓето можат да покажат дека имаат нешто детско во нив. Тоа синоќа го направи и Џанлуиџи Буфон.

На 41 година и 317 дена, поранешниот капитен на Јуве успеа да ја задржи својата мрежа недопрена, откако Бјанконерите триумфираа со 0-2.

Буфон оствари вкупно 123 настапи во Лигата на шампионите, а се чини дека голманот покрај советите на своите помлади колеги, е одговорен и за добрата атмосфера на тимот на „Старата дама“.

Ноќта кога стана втор најстар голман во историјата на Лигата на шампионите, легендарниот италијански голман имаше мал испад.

Имено, кога се интонираше химната, Буфон го испровоцирал Хуан Квадрадо, а кога сфатил дека камерата го фати, тој направи вистински комичен израз.

https://www.facebook.com/BleacherReportFootball/videos/2473520622915596/

Патем, Марко Балота е најстариот голман во историјата на Лигата на шампионите. Тој стоеше меѓу стативите на голиот на Лацио кога имаше 43 години и 252 дена.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.