Connect with us

Фудбал

Урнебесно: Вакво крадење на време во фудбалот не сте виделе (ВИДЕО)

Фудбалерот на домашната екипа при прославата на неговиот тим при водечкиот гол најпрвин глумеше дека е повреден, а потоа падна од носилката, па продолжи да лази по теренот…

Во судиското временско обештетување сте виделе се, на разни начини играчите се обидувале да „украдат време“ во случаи кога нивниот тим го имал посакуваниот резултат, но што се случувало во бугарската трета лига досега не сте виделе.

 

На дуелот со Балканците од Ботевград, Беласица постигна гол за водство од 2:1 во длабоко судиско обештетување, а фудбалерот на домашната екипа не сакаше ништо да препушти на случајноста. За време на прославата се преправаше дека е повреден, „грч во ногата“ со широка насмевка, се обиде да го спречи својот соиграч, а потоа овој бугарски фудбалер ја „преврти играта“.

 

Реклама

Facebook