Уругвај ја освои бронзата на Копа Америка, за златото ќе се борат Аргентина и Колумбија (ВИДЕО)
E R14 јул 2024

Фото: tv21m
Селекцијата на Уругвај ноќеска ја победи селекцијата на Канада во мечот за третото место на Купот на Америка. Средбата одиграна на „Банк оф Америка“ во Шарлот беше решена по изведување на пенали (4:3), откако по основниот дел немаше победник (2:2).
Уругвај поведе во 8. минута преку Родриго Бентанкур, во 22. минута Исмаел Коне го израмни резултатот. Во второто полувреме Џонатан Дејвид погоди за Канада (80. минута), а Луис Суарез за Уругвај (90+2.).
Уругвај по 10-ти пат го освои бронзениот медал на Копа Америка (1921, 1922, 1929, 1937, 1947, 1953, 1957, 1975, 2004, 2024 година).
Во финалето во 2 часот по полноќ по македонско време, во Мајами ќе играат Аргентина и Колумбија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



