Уште еден клуб потврди дека во своите редови има фудбалер заразен од коронавирус
Д М10 мар 2020

Клубот од Северна Ирска, Линфилд, потврди дека има играч заразен со коронавирус во своите редови.
„Еден од нашите играчи е позитивно тестиран на коронавирус. Клубот ќе добие совети од надлежните за да ги преземе следните чекори“, се вели во изјавата на Линфилд.
Линфилд не објави кој играч е, но сигурно е дека оваа информација предизвика генерален хаос во клубот и создаде паника кај сите играчи.
Ова е само една во низата вознемирувачки вести во светскиот фудбал, и голем број натпревари низ цела Европа или се откажани или ќе се играат пред празните трибини.
Повеќето првенства се прекинуваат на неодредено време заради новата ситуација.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



