Уште еден клуб се приклучува во трката за потпис на Манџукиќ
Д М31 окт 2019

Се чини дека Борусија Дортмунд е главниот ривал на Манчестер Јунајтед во трката за Марио Манџукиќ.
Дортмунд влезе во трка за трансфер на Марио Манџукиќ од Јувентус за време на јануарскиот преоден рок, пренесува „Тутумеркато“.
Името на Хрватот е поврзано и со Јунајтед, кој веќе подолго време ги бараат неговите услуги.
Сепак, можно е враќање на Марио во Бундес-лигата, кога екипата на Дортмунд покажа интерес за 33-годишниот играч.
Потсетете се дека ситуацијата на Манџукиќ ја следат и во Ла Лига, односно во Севиља.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



