Фудбал
Уште еден пехар за Елиф Елмас со Наполи (ФОТО)
Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0.
Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута.
Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68.минути.
За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп. За Елмас ова е трет пехар со Наполи, откако претходно ги освои пехарите шампион на Италија (2022/2023) и Купот на Италија (2019/2020).