Уште еден жесток удар за ПСЖ: „Кога сакаат нов играч, продаваат барел нафта, а ние што ќе правиме?“
Д М20 ное 2021

Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, одлучи јавно да го критикува францускиот ПСЖ.
Тој за Каталонски Спорт зборуваше за тешката ситуација во клубот која го оневозможува доведувањето на нови играчи, а потоа го повика ПСЖ поради нивните трансфери.
„Тие секогаш кога сакаат да донесат нов играч, продаваат барели нафта и готово. Донесуваат кого сакаат и ништо не можеме да направиме во врска со тоа“, рече Алемани, додавајќи:
„Тоа е голем проблем бидејќи од нас бараат да се натпреваруваме со такви тимови. Тие тимови немаат контрола над себе. Дури ни УЕФА не ги контролира“, рече Алемани.
Тој смета дека со создавањето на Суперлигата ќе се воведе контрола врз трошењето и го поддржува клубот во борбата за овој проект.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



