Уште не почнало, а големи пропусти на СП во САД: Забранет влез за најдобриот африкански судија!
Редакција9 јун 2026
Одбројувањето до почетокот на Светско првенство во фудбал 2026 продолжува, а во четврток, 11 јуни, во Мексико Сити Мундијалот го отвораат еден од домаќините Мексико и Јужна Африка. Натпреварот се игра во 21 часот по средноевропско време.
Меѓутоа, само неколку дена пред почетокот на Светското првенство 2026, светската фудбалска јавност ја потресе веста дека на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан наводно му бил забранет влез во Соединетите Американски Држави, по што бил вратен во Турција.
Станува збор за 34-годишен арбитар кој важи за еден од најдобрите африкански судии и е меѓу најценетите во светот, со голема доверба од ФИФА.
Артан оваа година испиша историја како прв судија од Сомалија кој е вклучен на листата на ФИФА за Светското првенство. Неговото именување беше поздравено низ цела Африка, каде што многумина го сметаат за најдобар судија на континентот.
🚨 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆: Very sad news. 💔😭
Top African referee Omar Abdulkadir Artan has been denied entry into the United States after arriving for the 2026 World Cup. 🇸🇴
He has been sent back to Turkey, with no clear reason given so far.
Според медиумски извештаи од Мексико и Шпанија, Артан при обид за влез во САД наишол на проблеми со имиграциските служби и наводно му бил одбиен влез.
Некои извори тврдат дека потоа бил вратен во Турција, каде што претходно бил на подготовки за Мундијалот.
Сепак, ситуацијата останува нејасна, бидејќи само неколку дена претходно дел од медиумите објавиле дека Артан добил американска виза и дека ги решил последните административни пречки за учество на Светското првенство.
ФИФА тогаш наводно потврдила дека сомалискиот судија ќе биде дел од судиската екипа на турнирот, но потоа се појавил неочекуван пресврт кој предизвикал загриженост.
Случајот доаѓа во момент кога и некои репрезентативни делегации, вклучувајќи ги Иран и Ирак, се соочиле со проблеми при влез во САД пред почетокот на Мундијалот.