Утре е важен ден во Мадрид: Ќе биде таму Перез, Модриќ, но и големото засилување!

За Реал Мадрид се подготвуваат два многу важни потписи, па со нетрпение ја очекуваме среда.
Трансфер гуруто Фабрицио Романо, кој вообичаено ни носи точни и сигурни информации од фудбалскиот пазар, објави дека Реал постигнал договор со Лука Модриќ и тој утре ќе потпише нов договор до летото 2023 година.
Тоа ќе го направи трофејниот хрватски репрезентативец во друштво на претседателот Флорентино Перез, а дополнително ќе биде претставено и новото засилување. Станува збор за Орелиен Чоамени, кого Реал го носи од Монако за околу 100 милиони евра.
Клубовите сега се во процес на комплетирање на документацијата и регулаторните процедури за да биде потпишан и официјално објавен трансферот на 22-годишниот фудбалер.
Тој беше важен дел од тимот на Монако кој оваа сезона заврши на третото место во Лига 1. Во лигата играше 35 пати, постигна три гола и забележа две асистенции. Има и 11 настапи во Европа.
Играчот од средниот ред стана и редовен во француската репрезентација кај тренерот Дидие Дешам во импресивна сезона. Тој го имаше своето деби за Триколорите во 2021 година во септември и веќе има 10 настапи.
Мина низ редовите на Бордо, а во јануари 2020 година се пресели во Монако, за кој на крајот одигра 95 натпревари, а преселбата во Реал, како и многумина, за него е остварување на сонот.



