Узбекистан сензационално ја победи Англија и се пласираше во четвртфиналето на СП
E R22 ное 2023

Фото: tv21m
Репрезентацијата на Узбекистан денес ја победи Англија во осминафиналето на Светското првенство за фудбалери до 17 години.
Средбата се одржа во Џакарта, Индонезија пред околу седум илјади гледачи.
За узбекистанскиот тим погодија Амирбек Саидов (4. минута) и Лазизбек Мирзаев (67. минута). Голот за Англичаните го постигна Џоел Ндала (35. минута).
Репрезентацијата на Узбекистан го повтори најдобриот резултат на Светското првенство за јуниори. Во четвртфиналето тимот ќе игра со победникот од натпреварот Франција – Сенегал што се игра попладнево.
Светското првенство за играчи до 17 години се одржува во Индонезија од 10 ноември до 2 декември 2023 година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



