Поврзи се со нас

Фудбал

Узбуна на Апенините: На Наполи им е забрането заминување во Торино!

За неколку часа целосен пресврт во Италија. Од сигурно, на натпреварот Јувентус – Наполи е доведен во прашање.

-текстот продолжува по рекламата-

Откако нашиот репрезенативец, Елиф Елмас денес беше позитивен на коронавирус, стручниот штаб и клупскиот персонал се подготвуваа да заминат за Торино, каде утре треба да одиграат натпревар против Јувентус.

Планиран е нов тест за утре наутро, но прашање е дали ќе има некои можности за тоа после последните настани.

-текстот продолжува по рекламите-

Имено, Здравствената служба на регионот Кампанија му забрани на Наполи да замине во Торино затоа што клубот од југот на Италија, сметајќи го стручниот штаб и играчите, забележа три позитивни случаи.

Така, натпреварот Јувентус – Наполи е под голем прашалник и бидејќи сега стојат работите за дербито од второто коло, ќе се побара нов термин.

Јувентус исто така имаше два случаи на коронавирус, но торинскиот клуб потенцираше дека тие не биле играчи, членови на стручен штаб или медицински штаб, туку вработени кои знаат да бидат во контакт со играчите.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама