SportM
Фудбал

Узбуна во Барселона, таткото на Меси пристигна во Милано на преговори

Д М7 авг 2020
Узбуна во Барселона, таткото на Меси пристигна во Милано на преговори

Со месеци се шпекулира дека Лионел Меси на крајот ќе ја напушти Барселона.

Многумина сè уште се на мислење дека нема ништо од тоа, но се чини дека италијанскиот Интер има своја сметка.

Калчомеркато утрово известува дека таткото на феноменалниот Аргентинец Хорхе Меси сериозно размислува за трансферот и дека дури пристигнал во Милано за да спроведе одредени разговори.

Се вели дека богатите Кинези во Интер се подготвени да го тресат фудбалскиот свет и да направат нешто слично на она што го направи Јувентус со Кристијано Роналдо.

Наводно Интер му понудил опција да потпише четиригодишен договор вреден дури 260 милиони евра.

Така, Меси би бил далеку најплатен играч на светот, заработувајќи скоро двојно повеќе отколку Кристијано Роналдо во Јувентус. Сепак, убедувањето на Меси да ја напушти Барселона е нешто што никој досега не успеа, но Интер очигледно не се откажува толку лесно.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.