Connect with us

Фудбал

Ужасен почеток на годината за Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва претрпеа пораз на домашен терен од Вулверхемптон (0:1) во натпреварот од 21. коло на англиската Премиер лига.

Јунајтед беше фаворит како и повеќето натпревари кои ги игра на неговиот Олд Трафорд, но додека порано беше место каде што и најголемите паѓаа без никакви проблеми, денес тоа е друга приказна, па дури и тимови како Вулверхемптон можат да се радуват.

Јунајтед денеска имаше многу проблеми, особено во бековската линија бидејќи ги немаше ниту Хари Мегваер, ниту Виктор Линделоф, па по повеќе од две години го играше Фил Џонс.

Јунајтед можеше да изведе неколку контранапади, како што е импресивниот во 82 минута, но Жоао Мутињо изведе слободен удар над гредата.

Волците и покрај голот имаа бројни шанси, но не знаеја како да ги искористат. Што се однесува до Јунајтед, исклучително слаб настап, а Кристијано Роналдо, кој ја носеше капитенската лента за прв пат по 14 години, се удави во сивило.

„Волците“ се искачија од деветтото на осмото место и сега имаат 28 бодови, додека Манчестер Јунајтед е едно место понапред со 31 бод. „Црвените ѓаволи“ веќе забележаа шест порази по 19 одиграни натпревари.

Со оглед на тоа што имаат два натпревари помалку, сепак секако ќе бидат во ситуација да се изборат за пласман во Лигата на шампионите, но не повеќе од тоа.

Реклама

Facebook

Реклама