SportM
Фудбал

Вака би изгледал „пеколниот Сити“ следната сезона со Меси во составот

Д М6 фев 2020
Вака би изгледал „пеколниот Сити“ следната сезона со Меси во составот

Во последните два до три дена се зголемуваат шпекулациите дека Лионел Меси може да ја напушти Барселона на крајот на сезоната, при што Манчестер Сити се споменува како една од можните дестинации.

Иако ова се само шпекулации, Англичаните одат дотаму што презентираат како би изгледал составот на „граѓаните“ за следната сезона.

Покрај Меси, треба да има и двајца нови дефанзивци, Милан Шкриниар и Луис Данк. Во овој имагинарен состав Сити би имал пеколен напад Меси, Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг.

Зад нив како поддршка би биле Бернардо Силва и Кевин Де Брујн додека последен играч од средниот ред би бил Родри. Во одбрана, со исклучок на Данк и Шкриниар, се наоѓаат и Кајл Вокер и Бенџамин Менди, додека секако Едерсон би бил на голот.

Потсетете се дека Меси е незадоволен од низата настани што ги мачат Каталонците во изминатиот месец. Отказот на Валверде, неуспехот да се обезбеди замена за повредените Луис Суарез и Усман Дембеле и генерално лошата спортска политика се само некои работи за кои Меси не се радува.

„Марка“ отидоа дотаму што велат дека Аргентинецот е незадоволен и ќе го напушти клубот во текот на летото. Сепак, никој сè уште не верува во тоа затоа што во неколку наврати изјави дека ќе ја заврши кариерата во Барселона.

Во секој случај, составот на Сити со Меси би изгледал навистина интересен:

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.