Валверде изостави три важни играчи за дуелот против Тотенхем

Еден од најинтересните парови на второто коло од групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одигра во Лондон, каде што Тотенхем и Барселона ќе се сретнат во среда.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, избра 20 играчи кои ќе патуваат во Лондон, а на листата не се најдоа имињата на тројцата важни играчи од каталонскиот клуб.
Валверде во Англија нема да ги земи Самуел Умтити, Серхио Роберто и Малколм. Умтити нема право да игра поради црвен картон, Роберто не е доволно физички подготвен до Малком едноставно во моментов нема место меѓу 20-те најдобри играчи во Барса.
Барселона за натпреварот со Тотенхем ги избра следните играчи:
Марк Андре тер Штеген, Нелсон Семедо, Жерар Пике, Иван Ракитиќ, Серхио Бускетс, Денис Суарез, Филипе Кутињо, Артур Мело, Луис Суарез, Лионел Меси, Усман Дембеле, Рафиња, Јаспер Силесен, Климент Ленглет, Жорди Алба, Мунир Ел Хадади, Артуро Видал, Томас Вермален, Хуан Миранда, Инаки Пена.



