Валверде: Секогаш е голема предност да се има Меси во тимот
Д М2 дек 2019

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека Лионел Меси е секогаш голем приоритет на тешките натпревари, бидејќи Аргентинецот го постигна голот во победата на Барса над Атлетико Мадрид.
Меси постигна извонреден гол во 86. минута, помагајќи му на Барса да го совлада Атлетико со 1:0 и да се врати на врвот на Ла Лига.
Каталонците беа далеку од најдобрата форма против Атлетико на „Ванда Метрополитано“, но Меси ги врати на првото место во лигата пред Реал Мадрид.
Валверде по натпреварот рече: „Во натпреварите кои се нерешени и тешки, секогаш е голема предност да се има Меси во тимот“.
„Игравме лошо на почетокот, но ги добивме трите бода. Сега не треба да размислуваме за лошите работи“, додаде тој.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



