Валверде никогаш поблиску до отказ: Овие разговори се неизбежни…

Тренерот на Барселона, Ернест Валверде, никогаш не бил поблиску до отказ.
По синоќешниот пораз во полуфиналниот дуел на шпанскиот Суперкуп, од Атлетико Мадрид, Валверде е поблизу до отказ од кога и да е, јавуваат шпанските медиуми.
По натпреварот, тој коментираше за таквата можност.
„Знаеме како е во фудбалот. Оваа работа подразбира доза неизвесност. Кога резултатите се лоши или кога ќе изгубите, како што се случи сега, се очекува да разговараме за тоа. Неизбежно е“, рече тој, осврнувајќи се накратко на самата игра.
„Ние доминиравме, но деталите беа решителни, и не можевме да влијаеме. Ја имавме играта во свои раце. Мислам дека не бевме надиграни…“
Патем, Барселона ја пропушти шансата да игра против Реал во финалето, а наместо тој натпревар тие ќе играат во Ла Лига против Гранада на 19 јануари.



