Ван Бомел го сака Робен повторно во ПСВ

Тренерот на ПСВ, Марк ван Бомел се надева дека Аријен Робен ќе се врати во холандскиот клуб од новата сезона.
Стратегот зборуваше пред холандските медиуми и разјасни дека имал „повеќе од еден телефонски разговор“ со ветеранот Робен, чиј договор со Баерн (Минхен) истекува на 30 јуни.
– Тој треба да донесе одлука. Тоа е многу едноставно. Знае дека многу би сакале да го имаме во составот. Му даваме шанса да одлучи, изјави Ван Бомел, кој е поранешен тимски колега на Ариен Робен во холандскиот национален тим, ПСВ Ајндховен и Баерн.
Триесет и пет-годишниот Робен играше во дресот на Баварците во последните десет сезони.
– Нема да го притискам. Ова е важна одлука за него. Може да сопре, но може и да продолжи. Може да отиде во друг тим, но може и да се приклучи кон нас. Нормално е да има повеќе понуди, рече уште Ван Бомел.



