SportM
Фудбал

Ван Дајк бара реакција од тимот: Сакаме да бидеме подобри од минатата сезона

SPORTM.mk26 авг 2026
Ван Дајк бара реакција од тимот: Сакаме да бидеме подобри од минатата сезона

Вирџил ван Дајк побара „реакција“ од Ливерпул оваа година по не толку позитивната изведба во Премиер лигата минатата сезона. Новиот тренер на „црвените“ Андони Ираола го започна својот мандат со реми 2-2 на Њукасл.

Капитенот смета дека ќе има период на прилагодување под водство на Шпанецот. „Тоа е нормално. Ако дојде нов тренер и има нови планови и идеи, тогаш е потребно нешто време со новите играчи“, рече капитенот на Ливерпул.

„Задача ни е да го направиме тоа што е можно побрзо, бидејќи сакаме да се подобриме, сакаме да победуваме, сакаме да бидеме подобри. Ова е она што ќе се обидеме да го направиме“, додаде понатаму Ван Дајк.

Понатаму, капитенот изјави: „Треба да покажеме реакција од минатата година, дека сме многу подобри од минатата година, бидејќи тоа беше многу неприфатливо. Работиме многу часови на тренинг теренот и имаме многу дискусии на теренот како сакаме да го направиме подобро и што сакаме да направиме и што сака да види тренерот“.

„Сезоната е многу рано. Ако почнеме да паничиме без оглед што може да се случи на првиот натпревар, тогаш нема да бидеме во добра позиција. Се надеваме дека следната недела ќе бидеме многу блиску до тоа што тренер посакува. Имаше неколку добри работи во играта, но секако и работи кои треба да ги подобриме“, рече Ван Дајк.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.