Connect with us

Фудбал

Ван Дајк до ПСЖ: Не ви е ова француска лига! (ВИДЕО)

Ливерпул со гол во последните неколку минути од мечот го совлада ПСЖ како гостин со 0:1 и направи голем исчекор кон четвртфиналето во ЛШ, поточно за седум дена со голема предност ќе ги пречека Французите. Голема прашина крена потегот на Конате во 24-тата минута при 0:0 го отурна Баркола кој беше во налет. Иако имаше консултација со ВАР, сепак судијата Давиде Маса не покажа ниту прекршок, ниту црвен картон за Конате.

Дали имаше прекшрок или не, беше ли за црвен или не, секако е предмет на дебата и ќе биде во деновите кои следуваат. На полувремето ПСЖ беше бесен на судијата Маса, а најгласен беше фудбалскиот советник во францускиот тим Луис Кампос, кој во тунелот викаше дека бил прекршок и дека бил за црвен картон.

На сето ова, Вирџил Ван Дајк довикнал: Ајде брат, не ти е ова француска лига!