Ван де Бик потврди: Нема договор со Реал

Играчот од средниот ред на Ајакс, Дони Ван де Бик, потврди дека нема договор со Реал за неговиот трансфер во кралскиот клуб следното лето.
Брилијантниот Холанѓанец беше предмет на интензивни шпекулации минатото лето, а во тоа време, и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, наводно, сакале да го реализираат неговиот трансфер – се зборуваше за бројка од 55 милиони евра.
Ван де Бик остана во Ајакс, но повторно се шпекулира овој јануари за неговиот потенцијален трансфер во Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид.
Точно, овој пат имаше и гласини дека младиот играч од средниот ред го избрал Реал Мадрид и дека следното лето ќе патува во шпанската престолнина.
Сега, сепак, Ван де Бик зборуваше за „Диарио Ас“ и рече дека неговата иднина сè уште не била решена.
„Ништо не е официјално и јас немам потпишано никаков договор. Ситуацијата не се смени оваа сезона … Ова се два големи клуба (Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид), но Ајакс е голем клуб … Не е потребна одлука во овој момент“, рече Ван де Бик.



