Connect with us

Фудбал

Ван дер Варт: Меси, не се срамиш?

Рафаел Ван дер Варт, поранешниот холандски репрезентативец и ас на Реал Мадрид се осврна на играта на Лионел Меси на дуелот помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ.

Аргентинецот беше речиси незабележлив на теренот, единствениот светол момент беше асистенција на Мбапе за голот, со помош на дефанзивците на Сити.

„Меси поголемиот дел од времето го поминуваше шетајќи на теренот. Го гледав и си помислив „Не ти е срам“? Вознемирен сум, бидејќи таков талент се раѓа еднаш во сто години. Ваквото негово однесување започна во Барселона минатата година“ , истакна Ван дер Варт.

Холанѓанецот своето однесување го спореди со Кристијано Роналдо.

„Сето тоа е само прашање на желба. Роналдо се бори за својот тим, гризе, го крева на повисоко ниво. А Меси е незаинтересиран. „Целосно“, рече Ван дер Варт.

Реклама

Facebook

Реклама