SportM
Фудбал

Ван Гал призна дека ФА Купот со Јунајтед е негово најголемо достигнување како тренер

Д М29 мај 2020
Ван Гал призна дека ФА Купот со Јунајтед е негово најголемо достигнување како тренер

Трофејниот тренер, Луис ван Гал тврди дека било „чудо“ да се освои ФА Купот со Манчестер Јунајтед.

Холандскиот стручњак работел во големи клубови и освоил разни трофеи, но тој објасни зошто ФА Купот е сепак нешто што го смета за најголемото достигнување во неговата тренерска кариера.

„Имав 10 играчи на возраст над 30 години во тимот, пет над 35-годишна возраст. Затоа сметам дека тој трофеј е моето најголемо достигнување“, објасни 68-годишниот тренер.

“Најтешкиот дел беше работењето во Јунајтед. Им реков дека не сакам да се вклучам во работата и дека е тешко да се работи со мене. Тимот немаше ниво да биде шампион. Јас направив список на играчи што ги сакав, но не ги добив”, додаде Ван Гал.

Ван Гал беше тренер на Јунајтед од 2014 до 2016 година и се сметаше за можен наследник на Сер Алекс Фергусон на долг рок, но тоа не беше случај на крајот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.