Ван Перси ја завршува својата кариера на крајот од сезоната
Д М25 окт 2018

Холандскиот фудбалер Робин ван Перси објави дека ќе стави крај на професионалната кариера на крајот од сезоната.
Сегашниот играч на Феенорд во својата интернационална кариера меѓу другите, беше дел и од екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Триесет и седум годишниот Ван Перси има трофеи од Премиер лигата, Уефа купот и ФА купот.
Ставам крај по завршување на сезоната. Бев професионалец 18 години. Сега имам 37 години и сметам дека е време за фудбалска пензија, изјави Ван Перси.
Со 50 гола на 102 натпревари, тој е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со која беше втор на Мундијалот во 2010 година, а трет во 2014 година.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



